На 30 октомври 2018 година, во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ се одржа настан на кој се презентираше Физибилити анализа за алтернативни извори за затоплување во оранжериското производство изработена од експерти од Чешка.

 

Направената Физибилити анализа се фокусира на идентификација и проценка на можностите за развој на одржливи решенија за греење на оранжериите кои ќе ги поддржат земјоделците од овој регион да се префрлат кон еколошки и поекономични извори на енергија за греење на оранжериите и ќе обезбеди доволно информации за избор на најефикасни алтернативи за загревање за најчестите видови оранжерии во регионот (во поглед на големината и структурата на културите), со оглед на локалните климатски услови и достапните извори на енергија.

Користењето на ваквите алтернативни извори на загревање ќе им овозможи на земјоделските производители да ги намалат своите трошоци за загревање во оранжериското производство, да го прошират и модернизираат своето производство, а во исто време да ги елиминираат штетните влијанија врз животната средина со користење на огревно дрво.

Проектот „Управување со сливот на река Струмица“ го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините од Сливот, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top