Во рамките на проектот “Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT” финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.Македонија на 20ти и 21ви декември (четврток и петок) се одржа првиот состанок на проектниот тим во Универзитетот ‘’Аристотел’’ во Солун, Грција.

На состанокот присуствуваа членовите на проектниот тим и тоа од: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетот “Аристотел” во Солун, Грција, Државниот инспекторат за животна средина, Р. Македонија и Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција.

 

Главна цел на состанокот беше да се презентира дизајнот и содржината на  книгата на видови / живеалишта и екосистемски услуги на заштитените подрачја, со акцент на приоритетните видови и живеалишта. Од страна на експерт ангажиран од страна на проектниот партнер 4 - Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција беше претставена детална анализа и опис на содржината на книгата што точно би требала да содржи и кои теми би ги опфатила истата со цел секој партнер поединечно да придонесе земајќи го во предвид регионот од каде што доаѓа. Дополнително, се дискутираше за текот на проектните активности и роковите за реализирање на истите кај секој од проектните партнери. Исто така беше разговарано за проблемите и предизвиците со кој се соочуваат проектните партнери при имплементација на одредени активности и како да се справат со истите и со активностите кои следуваат во рамките на проектот.

Вториот работен состанок на проектниот тим се планира да се одржи следната година, во Грција.

 

Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top