На 25.12.2018 година во салата на советот на општина Радовиш, Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа последната деветта Седница за годинава за која беа предвидени неколку точки од дневниот ред.

Присуствуваа градоначалниците на општините Струмица, Радовиш, Конче, Гевгелија, Дојран, Босилово, Валандово, претставниците од општините Богданци, Василево и Ново Село како и раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата беа усвоени финансискиот план за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2019 година како и Акциониот план за 2019 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015 – 2019 година.

Меѓудругото, за време на Седницата се дискутираше околу проблемите  со кои се соочуваат речиси сите општини како што е справувањето со проблемот со дивите депонии и отпадот, проблемот со кучињата скитници и други проблеми за кои беа презентирани механизми за решавање на истите.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top