Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиски поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе добие средства за имплементација на еден регионален проект кој ќе биде предложен за имплементирање преку партиципативен форумски пристап од страна на граѓаните од Југоисточниот плански регион.

За таа цел, на 08.02.2019 година во хотел „Сириус“, Струмица се одржи Првата регионална форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата”. Во рамките на оваа програма предвидени се четири форумски сесии преку кои ќе се одберат приоритетни проекти и ќе бидат предложени на донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка за финансирање.

По завршувањето на форумскиот процес, Швајцарската агенција за развој и соработка ќе одобри еден проект кој Центарот ќе го реализира во текот на 2019 година.

Општата цел на програмата е да се овозможи партиципативен развој на заедницата и добро локално управување со примена на структуриран инструмент за граѓанско учество – форумски пристап. Форумскиот пристап е развојна платформа: 1) граѓаните да учествуваат активно во носењето на одлуки во нивните општини и 2) администрацијата да развие партиципативно, отчетно и веродостојно локално управување. 

Преку партиципативен пристап, граѓаните од Југоисточниот плански регион, претставници од општинските администрации, бизнис секторот, невладини организации и други заинтересирани страни, дискутираа за приоритетните проблеми кои го засегаат регионот и за истите предложија приоритетни решенија.

Учесниците на Првата форумска сесија идентификуваа проблеми и решенија од областа на туризмот, инфраструктура, бизнис сектор и социјална инклузија кои воедно се дадени како приоритети за финансирање од страна на донаторот.

Предлог концептите ќе бидат презентирани за време на Втората регионална форумска сесија која ќе биде организирана на 15.02.2019 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top