Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 15.02.2019 година во хотел Сириус во Струмица ја оранизираше Втората форумска сесија за идентификација на проектни идеи за отворената Грантова шема во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Учесниците презентираа девет предлог концепти кои беа развиени за време на првата форумска сесија. Предлог концептите се однесуваа за зачувување на животната средина, инфраструктурата во туризмот, подобрување на туристичката понуда, поддршка на бизнис секторот преку формирање на регионални бизнис инкубатори, поставување на урбана опрема, формирање на регионални откупни центри и други.

Во активна атмосфера, претставниците од општините од Југоисточниот регион, невладини организации, бизнис сектор и други присутни заинтересирани страни дискутираа за регионалното значење на предложените проекти, усогласеноста на проектите со условите за избор како и за можноста за нивно дополнување и подобрување според дадените критериуми од страна на донаторот.

Присутни на оваа сесија беа и претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка Г-а Марија Караева, Г-а Весна Гоцева и Министерството за локална самоуправа Г-а Јасмина Хот кои дадода значајни насоки за подобрување на предложените концепти.

Со цел успешно спроведување на процесот за избор на приоритетни проекти, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе организира уште една форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2019 година, а за време на која заедницата ќе гласа за избор на приоритетни проекти кои ќе бидат предложени до донаторот за финансирање.

Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ е финансиски поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top