Во просториите на Дом на АРМ во Струмица на ден 19.02.2019 година се одржа инфо сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој е наменет за сите основни и средни училишта.

Деталите за повикот беа презентирани пред претставници на дел од училиштата од Југоисточниот регион. Освен тоа, се направи и краток осврт на проектите кои беа избрани за финансирање од страна на Фондот во рамките на првиот повик од 2018 година.

Иновацискиот натпревар „Предизвик за млади истражувачи 2“ е наменет за креирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки.

Овој јавен повик кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува заедно со Министерство за образование и наука е отворен до 31.03.2019 година. Начинот на конкурирање, како и сите дополнителни информации се достапни на следниот линк: www.fitr.mk/predizvikzamladi2

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top