На 01.03.2019 година во хотел „Сириус“ во Струмица беше одржана Третата регионална форумска сесија за идентификација на проектни идеи за отворената Грантова шема во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

За време на Третата регионална форумска сесија, заедницата од регионот презентираше вкупно 5 проектни концепти кои беа развиени за време на Втората форумска сесија како и на состаноците помеѓу сесиите согласно сугестиите дадени од страна на проектната единица.

Присутните учесници на партиципативен начин извршија приоретизација на предлог проектите со што беа рангирани и изгласани 3 проектни концепти и тоа:

  1. Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина;
  2. Со еден допир поблиску до Регионот;
  3. Био пелети.

Согласно правилата од донаторот, Центарот ќе ги презентира развиените 5 проектни концепти и рангираните 3 пред градочалниците на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. По потврдувањето на концептите од страна на Советот, Центарот ќе достави комплетни апликации до донаторот кој ќе го избере најдобриот регионален проект што ќе добие финансиска поддршка за имплементација.

По имплементацијата на проектот, во ноември се планира и Четврта регионална сесија со цел да се информира заедницата од регионот за резултатите од имплементацијата на проектот.

Процесот на регионални форумски сесии се одвива во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top