На 14.03.2019 година во Струмица се одржа X-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Присутни на оваа Седница беа Градоначалниците од општините од регионот, претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и други засегнати страни кои беа заинтересирани да дискутираат за актуелни проблеми кои се случуваат во регионот.

 

На оваа Седница, Градоначалниците дискутираа за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе значајни одлуки и тоа: Одлука за усвојување на Записник од деветата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Одлука за усвојување на Извештајот од попис за 2018 година на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Одлука за усвојување на завршните сметки за 2018 година на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2018, Одлука за потврдување на трите проектни концепти што се највисоко рангирани од регионалните форуми за аплицирање на грантовата шема во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

На Седницата претставник на Здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив“ ги презентираше новите законски измени на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, упатувајќи ги Градочалниците дека со овие промени им се забранува на локалните власти да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку радиодифузери. По презентацијата, Градоначалниците се согласија дека ќе побараат можност и начин за ревидирање на овој закон.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top