Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

За таа цел во рамките на проектот објавен е повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Можност да се јават на повикот имаат производителите на овошни култури (сливи, јаболка и круши) и градинарски култури (пиперки и домати) од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

За учество на обуките планирано е да се изберат 40 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 60 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.

Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 50 грантисти, 20 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 30 производители на градинарски култури (од сите 6 општини).

Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.

Обуките ќе се организираат во периодот мај/јуни  2019 – октомври/ноември 2019 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2019 година или јануари 2020 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.

Крајниот рок за пријавување е 30 април 2019 година.

Целосниот текст на огласот во кој се наведени и критериумите за избор на кандидатите може да го симнете од следниов линк: ОГЛАС

 

Пријави:

Пријава за овоштари – за сите 6 општини

Пријава за градинари – за сите 6 општини

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top