На 11.04 и 12.04.2019 година во Серес, Грција беше одржан третиот состанок на проекнтиот тим на проектот “Интегриран оперативен систем за хуманитарна помош - HELP” финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка и националните фондови на земјите учеснички.

На третиот состанок учествуваа проектните тимови од: Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија при Катедра за механичко инженерство, Серес - Грција, Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија) - Грција,  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион - Р. С.Македонија. Грчкиот Спасувачки Тим - Грција и Центарот за управување со кризи - Р. С.Македонија.

Главна цел на овој состанок беше да се презентираат реализираните активности од страна на сите проектни партнери, да се дискутира за роковите за реализација на идните активности, да се воочат и решат проблемите при имплементација на одредени активности.

Дискусиите беа насочени кон набавката на целосно опремени Контејнери за хуманитарна помош во ситуации на катастрофи во двете прекугранични земји како и изработката на Акциски планови, Национални и прекугранични протоколи за комуникација, соработка и координација и План за управување со кризи.

Проектот е со вкупен буџет од 905.553,30 евра и ќе се реализира до октомври 2019 со можност за продолжување.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top