Во рамките на проектот “Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT” финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.Северна Македонија на 29ти и 30ти мај (среда и четврток) се одржа вториот работен состанок на проектниот тим во Флорина, Грција.

 

На состанокот присуствуваа членовите на проектниот тим и тоа од: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетот “Аристотел” во Солун, Грција, Државниот инспекторат за животна средина, Р. Македонија и Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција.

Главна цел на состанокот беше да се презентирa процесот и напредокот од содржината на  книгата на видови / живеалишта и екосистемски услуги на заштитените подрачја, со акцент на приоритетните видови и живеалишта како и тријазичната веб платформа и инфаструктурните работи кои беа презентирани од страна на грчки експерти ангажирани од страна на проектниот партнер 4 - Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција.

Дополнително, се дискутираше за текот на проектните активности и роковите за реализирање на истите кај секој од проектните партнери. Исто така беше разговарано за проблемите и предизвиците со кој се соочуваат проектните партнери при имплементација на одредени активности и како да се справат со истите и со активностите кои следуваат во рамките на проектот.

Третиот работен состанок на проектниот тим се планира да се одржи во септември, во Скопје.

 

Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top