Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир"  уште во 2017 година додели 400 компостери на жителите од  10те општини од Југоисточниот регион на Република Северна Македонија во коj спаѓаат општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

 

Во комуникација со луѓето кои добија компостери може да се заклучи дека овие канти за биоразградлив отпад сеуште се користат и се произведува квалитетен компост кој се применува за ѓубрење на почвата на нивите и дворовите со цел да се добие квалитетна почва и здрави растителни производи.

Се надеваме дека овој проект ќе послужи како позитивен пример и понатаму сите ќе работат во насока на здрава животна средина, намалување на отпадот преку негова селекција и разградување, природно наѓубрување на почвата со цел квалитетно и здраво земјоделско производство.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top