„Два пата се делеа низ жолтите дрвја, за жал не можев да патувам по двата и бивајќи осамен патник, долго стоев и гледав низ едниот колку што можев дотаму до кај што завиваше во шумата; потоа тргнав по другиот, како вистинит како чесен, и имав можеби одлична причина зошто беше тревнат и бараше да биде газен, иако според газењето по нив изгазеноста им беше можеби иста и двата тоа утро подеднакво лежеа во лисја без чекор кој оставил трага. Ох, јас го сочував првиот за друг ден! Сепак, знаејќи дека патот води кон пат се сомневав дека некогаш треба да се вратам јас треба да го кажувам ова со воздишка некаде години и години подоцна: Два пата се делеа низ дрвјата, и јас, јас тргнав по помалку патуваниот и тоа ја направи сета разлика.“

 

Ова беа стиховите кои на 06 јуни 2019 година го најавија отварањето на дводневната Меѓународната Конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион која овие два дена ја направи сета разлика за присутните гости, каде домаќин беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. 

Над 20 говорници од земјата и странство преку презентации, панел и пленарни дискусии, споделуваа практики и добри искуства од осум приоритетни области и тоа млади и образование, инфраструктура, мали и средни претпријатија, животна средина, информатичко и комуникациските технологии, граѓанските организации и туризам. Темите кои беа опфатени на Меѓународната Конференција ги следеа со голем интерес и активно учество околу 150 учесници од земјата и странство.

Меѓу присутните гости и учесници беа Градоначалниците од сите десет општини на ЈИПР, претставници од општинските администрации, комуналните претпријатија, бизнис секторот, академскиот сектор, ученици, граѓански организации од земјата и странство и други гости.

Конференцијата ја постигна целта со тоа што ваквиот настан ќе служи понатаму како пример за потенцијалот којшто го има Југоисточниот регион во поттикнување на рамномерниот регионалнен развој. Овие два дена со Меѓународната Конференција организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се постигна една меѓународна соработка и вмрежување на клучните чинители од регионот, земјата и странство, а со тоа и зголемување на регионалниот развој.

Оваа Конференција се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top