Набавени се две возила за проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ во Југоисточниот плански  регион во Струмица и Валандово кој градоначалниците од Југоисточниот плански регион го избраа како прв приоритет  на регионот. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а  прифатилиштата изградени преку овој проект ќе имаат обврска да ги згрижуваат кучињата од целиот регион.

 

 

На ден 28.06.2019 година во просториите на општина Струмица се изврши примопредавање на двете возила за заловување и транспорт на кучиња од Југоисточниот регион кои од страна на Фирмата изведувач беа предадени во сопственост на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Истите Раководителот на ЦРЈИПР, Г-а Жулиета Ѓуркова ги предаде на Претседателот на Советот на ЈИПР, Г-н Коста Јаневски од кои едното ќе се користи во Струмичко и Радовишкиот микро регион, а другото возило во Гевгелиско-Валандовскиот микро регион.  

Возилата моментално се во сопственост на ЦРЈИПР, а на следната Седница на Советот на Југоисточниот плански регион со Одлука ќе бидат дадени за трајно користење и одржување на општините Струмица и Валандово каде што ќе се наоѓаат прифатилиштата. Главна цел на проектот е подобрувањето на безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион преку заштита и згрижување на бездомните животни во регионот.

Во меѓувреме се работи на подготовка на Студија за одржливо управување со двете прифатилишта и благосостојба на бездомните животни во Југоисточниот регион која ќе послужи за утврдување на соодветен модел за одржливото понатамошно управување со прифатилиштата.

Изградбата на прифатилиштето во Валандово е во почетна фаза, додека пак прифатилиштето во Струмица е целосно изградено и во моментот се работи на поврзувањето на водоводната и канализациска мрежа. Кон крајот на август, најдоцна почетокот на септември треба да пристигне комплетниот мебел и опрема, по што истиот веднаш би можел да биде ставен во функција.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top