На 12 јули 2019 година во Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија се одржа Официјална церемонија за доделување договори во рамките на Вториот повик за предлог - проекти преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

 

 

На церемонијата присуствуваше Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова каде беше потпишан договорот за проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како Проектен партнер ќе го имплементира заедно со општина Сандански од Р. Бугарија, како Водечки партнер на проектот.

Главна цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природни катастрофи од прекугранична димензија, додека пак главна активност во Југоисточниот регион е уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри, чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи.

Ваквите активности ќе овозможат да се уреди коритото на реката, а ќе се изврши и пошумување и позеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите како и кон прилагодување на климатските промени во иднина. Исто така ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи.

Проектот е со вкупна вредност од 587.931,97 евра, а ќе се имплементира 24 месеци до јули, 2021 година.

     

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top