На 19.07.2019 година во „Дом на АРМ“ во Струмица беше одржана XII–тата (дванаесеттата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион за која беа предвидени повеќе точки на дневен ред меѓу кои и потпишување на Договори за соработка за 2019 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и општините од Југоисточниот плански регион.

 

 

Присутните на XII–тата (дванаесеттата) Седница, градоначалниците на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран и Конче и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова донесоа значајни одлуки и разговараа за актуелните прашања и проблеми кои го засегаат регионот.

За потпишувањето на Договорите, со присуство нè почестија и Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски и Г-а Катерина Кузмановска, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија.

Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа секоја година го кофинансира работењето на сите осум Центри за развој на планските региони во висина од 1,2 милиони денари за активности и исто толку за имплементација на проектите за регионален развој.

Со овој Договор се утвдуваат активностите кои што Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе ги реализира оваа година, а кои што произлегуваат од Програмата за развој на Југоисточниот плански регион.

     

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top