На 16 август 2019 година во општина Василево од страна на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова и Градоначаникот на општина Василево, Г-н Марјан Јанев се потпиша договор за заедничка реализација на проектот „Реконструкција на пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го имплементира заедно во партнерство со општина Василево.

 

 

 

Овој проект беше избран како приоритетен проект од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 15 август, минатата година за кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

Проектот се однесува за реконструкција на патна инфраструктура на дел од патот кој води кон браната Турија, еден од најзначајните туристички локалитети на територија на општина Василево, која покрај тоа што се користи како основен извор за вода на пиење на градот Струмица, се користи и за риболов и рекреација.

Вкупниот износ на проектот е 13.956.620,00 денари, кои од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени 11.822.560,00 денари за реализација на овој Проект, а општина Василево како наш партнер во проектот учествува со сопствени средства во износ од 2.134.060,00 денари.

       

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top