На 16 септември 2019 година во општина Ново Село од страна на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова и Градоначалникот на општина Ново Село, Г-н Никола Андонов се потпиша договор за заедничка реализација на проектот „Изградба на локален пат с.Зубово - спој со пат с.Ново Село - с.Мокриево, последна III фаза од км 1+340 до км 2+247“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го имплементира во партнерство со општина Ново Село.

 

 

 

Овој проект ќе се реализира во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој според мерка 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини.

Со проектот ќе се овозможи изградба на локален пат с.Зубово - спој со пат с. Ново Село - с.Мокриево, последна III фаза од км 1+340 до км 2+247. Вкупниот износ на проектот е 6.665.560,00 денари, кои од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени 5.643.695,00 денари за реализација на овој Проект, а општина Ново Село како наш партнер во проектот учествува со сопствени средства во износ од 1.021.865,00 денари.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top