На ден 20.09.2019 година, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова потпиша договор за партнерство со Градоначалникот на о. Богданци, Г. Блаже Шапов и Градоначалникот на о. Гевгелија, Г. Сашо Поцков, за имплементација на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица-с.Стојаково-крстосница со регионален пат Гевгелија-Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“ и Градоначалникот на о. Дојран, Г. Анго Ангов за имплементација на проектот „Реконструкција и рехабилитација на локален патен правец од клучка Р604 пат Струмица-Дојран до клучка Р611 пат Валандово-Гевгелија преку населено место Црничани со вкупна должина на делницата од 800 метри“.

  

 

Проектите ќе се реализираат во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој според мерка 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во локална патна инфраструктураза поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини.

Вкупната вредност на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“ изнесува 13.031.453,90 денари, од кои 11.038.520,25 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, 1.234.898,86 денари  од општина Богданци како партнер бр. 1 во проектот и 758.034,79 денари  од општина Гевгелија како партнер бр. 2, додека вкупната вредност на проектот  „Реконструкција и рехабилитација на локален патен правец од клучка Р604 пат Струмица-Дојран до клучка Р611 пат Валандово - Гевгелија преку населено место Црничани со вкупна должина на делницата од 800 метри“ изнесува 4.395.600,00 денари, од кои 3.317.784,75 денари денари  од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и 1.077.815,25 денари од општина Дојран како партнер во проектот.

Втората фаза од патот Богородица - Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци е веќе одобрен за финансирање од страна на Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Неговата имплементација треба да започне во наредниот период со што ќе се овозможи целосна ревитализација на овој патен правец.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top