Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот “Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, на ден 08.10.2019 година, Вторник, во хотел „Сириус“, Струмица, се одржа првиот Инфо ден.

 

 

 

На инфо денот присуствуваа претставници од општините, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Противпожарните единици, Итната медицинска помош и други заинтересирани страни од Југоисточниот плански регион.

Целта на инфо денот беше промоција на проектот пред засегнатите страни и запознавање со целите на проектот, активностите кои ќе се реализираат, како и досега постигнатите резултати во рамките на имплементацијата на проектот.

Освен проектот на инфо денот се презентираше подетално контејнерот кој што ќе биде изработен во рамките на проектот и ќе биде опремен со најсовремена опрема за комуникација. Беа прикажани неговите технички карактеристики, дизајнот и софтверот кој ќе биде инсталиран. Ваквиот контејнер е наречен Центар за команди, контрола, комуникација, компјутери и интелигенција и ќе овозможи подобрување на квалитетот на управување на јавната администрација во справувањето со елементарни непогоди и кризи во прекугранична област Грција – Р.С.Македонија што е и всушност главна цел на проектот.

По изнесената презентација се разви дискусија од страна на засегнатите страни за тековните проблеми со кој се соочуваат при размената на информации во услови на елементарни непогоди, кои може да се земат во предвид при изработката на овој контејнер се со цел поефикасно и навремено реагирање во справувањето со најразлични кризи од страна на сите засегнати страни.

Вкупниот буџет на проектот е 905.553,30 евра.

Времетраење на проектот: 02.04.2018 - 30.06.2020.

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009.

    

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top