На 14 октомври 2019 година во Радовиш и Струмица започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките на проектот за управување со сливот на река Струмица. Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

 

За учество на обуките избрани се околу 80 земјоделски производители, градинари и овоштари кои ќе следат специјализирани обуки за земјоделско производство, а од нив, ќе бидат избрани 50 грантисти и тоа 20 за овоштарство и 30 за градинарство.

Грантистите ќе бидат избрани преку спроведување на тест на знаење и оние со најмногу бодови ќе бидат добитници на грант во опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки во висина од 300.000 денари.

Обуките ќе се организираат во периодот октомври - ноември 2019 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2019 година.

Спроведувањето на активностите за воведување на современи, агроеколошките мерки има за цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

  

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top