За време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Дојран, на ден 05.11.2019 година, Градоначалникот на општина Дојран Г-н Анго Ангов додели Благодарница за придонес и помагање во развојот на економскиот локален развој на Раководителот на Центарот за развој за Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова.

 

 

 

На свеченото доделување, Г-а Ѓуркова го честиташе празникот на сите дојранчани и истакна дека почетоците на Центарот беа значајни токму за општина Дојран со спроведувањето на еден од првите проекти на Центарот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ .

Имено во 2015 година проектот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ доби прва награда за Најиновативен регионален проект 2009/2014 во целата држава од страна на Министерството за локална самоуправа, Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската Агенција за соработка и развој.

На крај Г-а Ѓуркова истакна дека досега Центарот има имплементирано голем број на проекти за развој на туризмот во Дојран,  соработката со општината ќе продолжи со цел да се спроведуваат и планираат идни проекти кои ќе придонесат Дојран да биде посакувана дестинација од страна на сите домашни и странски туристи.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top