На ден 11.11.2019 година Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски и Градоначалникот на општина Дојран, Г-н Анго Ангов, извршија промовирање на уште еден успешно реализиран проект за развој на туризмот во Дојран.

 

 

 

 

Преку реализација на проектот „Хортикултурно и партнерно уредување на езерското крајбрежје и формирање на плажа на овој дел од брегот на Дојранското езеро“, Југоисточниот регион доби уште една туристичка атракција, нова формирана плажа покрај крајбрежјето на Дојранското езеро.

Во рамките на проектот се изврши хортикултурно и партерно уредување на делови од крајбрежјето во должина од 350м, површина којашто порано беше запуштена и неискористена, а со висок потенцијал за развој на туризмот во летните сезони. Формираната плажа се протега од север кон југ од одмаралиштето “Вила Тиквеш” на Елем Турс до плажата “Фук Так” во Сретеново-Стар Дојран.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион секоја година преку реализација на најразлични проекти се стреми да овозможи услови за развој на нови и подобрување на постоечки туристички потенцијали во регионот.

Реализацијата на овој проект беше овозможена со финансиска поддршка од страна на Бирото за рамномерен регионален развој - Министерството за локална самоуправа и општина Дојран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

   

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top