На 20.11.2019 година во општина Ново Село беше одржана XIII-тата (тринаесетата) по ред Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која присуствуваа Градоначалниците од регионот, претставници од општините и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Ѓуркова заедно со претставници од Центарот.

 

 

На Седницата Градоначалникот на општина Струмица, Г-н Јаневски повторно ја доби поддршката за да ги координира активностите за рамномерен регионален развој за следните две години од страна на сите Градоначалници од регионот и беше повторно избран за Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, Градоначалниците донесоа и Одлука за доделување на Јубилејна награда на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Ѓуркова.

Во врска со Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, Г-а Ѓуркова ги извести сите Градоначалници дека во согласност со Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност, Југоисточниот регион се стекнува со право на користење на приближно 35.835.240,00 денари и се договорија за краток временски период да се одржи и следната седница со цел утврдување на Годишната листа на предлог проекти кои се приоритет на регионот за 2020 година.

Меѓудругото, Градоначалниците беа информирани и за текот на активностите за дел од проектите кои ги реализира Центарот и за таа цел на оваа Седница беше презентиран текот на имплементацијата на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ кој е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, а во рамките на кој ќе се овозможи воведување на современи технологии во земјоделството преку поставување на 23 Агрометеоролошки станици во сите општини во регионот.

   

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top