На 06.12.2019 година во општина Босилово се одржа XIV (четиринаесеттата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците на општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

 

Пред присутните градоначалници, Раководителот на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова имаше излагање во кое беа презентирани реализираните проекти од регионално и микрорегионално значење за Југоисточниот плански регион за периодот 2017-2019 година, а воедно се осврна и на проектите чија реализација е во тек.

За време на Седницата, Советот ја усвои Годишната листа на приоритетни проекти за 2020 година согласно следниот редослед:

1. Проект: Изградба на мост на река Турија, на локален пат Просениково – Сарај со вкупен буџет од 14.554.407,00 денари.

2. Проект: Изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево во должина од 1927,71 м., општина Радовиш со вкупен буџет од 16.169.776,00 денари.

3. Проект: Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – прва фаза со вкупен буџет од 16.000.000,00 денари.

На резервна листа беше утврдена имплементација на втора фаза од проектот Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино.

Приоритетната листа се однесува за изведба на проекти кои ќе ја подобрат патната инфраструктура и ќе се овозможи поврзување на локални патишта во регионот преку средства од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено учество на општините од Југоисточниот регион.

Согласно утврдената листа, Центарот развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за нивно финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top