На 26.12.2019 година во општина Валандово се одржа XV (петнаесеттата) и последна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион за оваа година, на која присуствуваа градоначалниците на општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

 

Пред присутните градоначалници, Раководителот на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова ги презентираше Предлог Финансискиот план за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година, како и Предлог Акциониот план за 2020 година за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на Југоисточниот плански регион кои на седницата едногласно беа усвоени.

На оваа Седница исто така беше донесена и одлука за предавање и преотстапување на користење и одржување на објект по проект „Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање езерска плажа во Дојран“ на општина Дојран, којашто исто така беше едногласно усвоена.

Како гости на петнаесеттата Седница на Советот на Југоисточниот плански регион присуствуваа и претставници од УМФ Тренинг со цел презентирање на Студијата за воспоставување модел за управување со прифатилиште за бездомни животни во ЈИПР и УНДП кои заедно со Мама Органа презентираа повеќенаменски стационар за бездомни животни како самоодржливо решение. После оваа презентација останува на градоначалниците да размислуваат и одлучат во иднина за начинот на управување за прифатилиштата од Југоисточниот плански регион коешто во Струмица е веќе изградено,а прифатилиштето во општина Валандово ќе се изгради во наредниот период.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top