На 23.12.2019 година во Струмица се одржа првата прес-конференција по проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, кој ќе се имплементира во партнерство со општина Сандански од Р. Бугарија и општина Радовиш.

 

 

 

Домаќин на прес-конференцијата беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на која како гости присуствуваа партнерите по проектот од општина Сандански, Бугарија, како и претставници од општина Радовиш.

Прес-конференцијата започна со поздравен говор од Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а воедно и Проектен меанџер на проектот.

Податоците од последните 20 години покажуваат дека Југоисточниот регион е најчесто погоден од поплави и затоа е потребна силна прекугранична соработка со цел да се спречат и намалат последиците од катастрофи – рече Г-а Ѓуркова.

Конференцијата продолжи со презентација од страна на Г-а Марија Бандулова, технички асистент по проектот, која ги престави целите, активностите и резултатите кои ќе бидат остварени со имплементација на проектот преку кои ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион, ќе се зголеми безбедноста од природни катастрофи и ќе се овозможи уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри.

Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top