Во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со информативни денови за користење на нови методи за управување во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекуумерното третирање на почвата.

 

 

 

Центарот започна со организацијата на информативни денови на 13.12.2019 во хотел Шампионче за сите земјоделски производители и заинтересирани страни од општините Радовиш и Конче, додека на 23.12.2019 година беше одржан информативен ден за целните групи од општините Гевгелија и Богданци.

Пред присутните беа презентирани локациите каде се поставени вкупно 23 Агрометеоролошки станици во регионот преку кои ќе се собираат, обработуваат и добиваат податоци за температура и влажност на воздух, температура на почва, количество на врнежи, сончева радијација, брзина и правец на ветер, влажност на лист како и прогноза на болести на земјоделските култури кои се најзастапени во регионот.

Исто така беше презентирана мобилната апликација „Meteobot“ и веб страница www.agrojug.mk преку коишто сите земјоделци ќе можат на брз и современ начин да ги добиваат потребните податоци со цел да имплементираат соодветни мерки за управување со земјоделските посеви, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

Присутните имаа можност да ги разгледат сите сензори кои се составен дел на станиците и да дискутираат за начинот на добивање и користење на податоците кои ќе бидат измерени преку овие станици.
Во наредниот период ќе бидат организирани информативни денови и за другите општини од регионот и ќе биде организирана една обука за време на која ќе бидат сертифицирани претставници од сите општини од Југоисточниот регион.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top