Успешно завршување на петдневните обуки - Камп за млади иноватори и претприемачи

DSC 0690-minБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 05.03.2017 година во општина Дојран успешно ја заврши реализацијата на проектот "Камп за млади иноватори и претприемачи".

 

 

Општа цел на проектот беше развивање на човечките ресурси, надоградување на знаењата на теми од сферата на претприемништво и поттикнување на иновативниот потенцијал преку обучување на млади лица од Југоисточниот плански регион.DSC 0689-min
Целна група на проектот беа млади претприемачи, невработени лица, студенти и средношколци.
Со проектот се постигна следниот резултат: Обучени 15 млади луѓе од Југоисточниот плански регион и поттикнување на нивната свест за активирање во едно претприемачко опкружување.
На кампот секој ден се одржуваа обуки на теми од сферата на претприемништво, маркетинг и менаџмент, истражување на пазар, иновации, ресурси и финансиски план итн. Покрај тоа, беа одржани обуки за личен развој преку кои учесниците научија вештини за самоконтрола и самодоверба. Согласно актуелните трендови за личен развој на личноста, покрај интелектуалните вежби, на обуката беше предвидена и физичка активност за учесниците- часови по јога одржани од искусен инструктор. Крајниот ден беше организиран натпревар за најдобра бизнис идеја, учесниците беа поделени во тимови, ги презентираа своите идеи и добија Сертификат за учество на кампот.
17022100 1771612696197795 3104026428603535614 nПокрај организаторите од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и спроведувачите на поголем дел од обуките од Knowledge Center, на кампот учество зедоа експерти од повеќе области како: Катерина Ангеловска - Тренер за личен развој, Верица Јорданова - Иновативност.мк, Петар Лазаров - МАМА'С, и Зоран Витанов – Lyoness Македонија.17101915 10154429174242219 798793639 n
Кампот траеше од 1-5 Март во општина Дојран на кој учествуваа 15 млади луѓе на возраст од 18-29 години од Југоисточниот плански регион. Учесниците имаа можност да бидат дел од едно креативно и претприемачко патување кое им остави долготраен белег и поттик за реализирање на својата бизнис идеја.
Обуките од сферата на претприемништво, иновативност и личен развој се од голема важност за бизнис секторот од Југосточниот регион и за таа цел Бизнис Центарот ќе продолжи со имплементација на идни активности од таков тип.
Кампот за млади иноватори и претприемачи беше спроведен од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Knowledge Center и Министерството за локална самоуправа како финансиски поддржувач.

Go to top