Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ПРОЕКТНИ АСИСТЕНТИ

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на двајца проектни асистенти за потребите на проектите „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја“ - COMBINE2PROTECT и „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош“ – HELP, истите финансирани од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020.

Потпишани договори за поттикнување на рамномерен регионален развој

contractНа 13.04.2018 година помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа беа потпишани два Договори за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Со средства обезбедени во рамките на проектот “Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, поддржан од швајцарската Влада, во текот на оваа година ќе бидат организирани повеќе активности меѓу кои повеќе форумски сесии  во кои ќе бидат вклучени жителите од општините во Југоисточниот плански регион.

 

Добитници на грантови за воведување на современи агроеколошки мерки – втор циклус

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ беа одржани специјализирани теоретски и практични обуки за агроеколошко производство за околу 80 кандидати (градинари и овоштари).

По спроведениот тест на знаење во 4 (четири) области -  овоштарство/градинарство, наводнување, ѓубрење и заштита, според вкупниот број на бодови се изврши нивно рангирање со што првите 20 кандидати, производители на градинарски култури и првите 10 кандидати, производители на овошни култури се добитници на грант во опрема во вредност од 300.000 денари.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област„ - АГРАС, финаниран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Република Македонија 2007-2013 успешно ја имплементира предвидената активност „Oрганизирање на јавни дебати во сите 10 општини на Југоисточниот плански регион“

Дебатите започнаа на 28.11.2012 година и интензивно се одвиваа до 11.12.2013 година.
Тема на дискусија беа изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во Југоисточниот регионот. На дебатите присуствуваа заинтересирани граѓани од различни области (урбанисти, градежници,бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)
Проектниот тим го презентираше проектот а понатаму дебатите ги водеа експерти кои заедно со поканетите страни дискутираа и ги анализираа добиените податоци од постоечката патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион. Дебатите се одвиваа во позитивна насока во поглед на изјаснување на граѓаните со своите ставови и забелешки кои имаа прилика освен усно да ги произнесат и во писмена форма.
Размислувањата и ставовите на граѓаните заедно со добиените анализи за патната инфраструктура ќе бидат искористени во изработка на стратешкиот документ Студија на можности кој ќе биде доставен до сите општини и министерства од регионот кој во иднина ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top