Потпишан договор со Бирото за регионален развој за имплементација на нови проекти за 2017 година

2На 02-ри мај 2017 година Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го потпиша договорот со Бирото за регионален развој за имплементација на проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2017 година.

 

 

На потпишувањето на договорите присуствуваа министерката за локална самоуправа, Г-а Ширет Елези, директорот на Бирото за Регионален Развој, Г-н Џемаил Елмази, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Г-а Билјана Цветановска Гугоска како и претставници од осумте планските региони.3
Проектите кои Центарот за развој на ЈИПР ќе ги имплементира со овој договор се со вкупна вредност од 18.784.727 денари, од кои 13.806.591 денари се финансирани од Бирото за регионален развој, а остатокот од општините кои се партнери во проектите. Ќе се реализираат следниве два проекти:

1. Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км, проект во вкупна вредност од 10.571.183 денари, во кој партнери се општините Василево, Босилово и Струмица. Со реализацијата на овој патен правец ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните од населените места Чанаклија, Нова Маала и Доброшинци, а воедно ќе се овозможи и подобрување на локалната патната инфраструктура на ниво на Југоисточниот плански регион .
2. Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од - 1.387 метри - втора фаза во вредност од 8.213.544 денари. Партнери во овој проект се општините Струмица, Босилово и Ново Село. Со овој проект ќе се остварат заедничките интереси на населението од овие три општини, на населението од сите други блиски населени места како и на случајните поминувачи - туристи. Како резултат на изградбата на патната мрежа ќе се олесни транспортот на материјалните добра и луѓе на тој дел од планскиот регион, а ќе овозможи и лесен пристап до туристичките дестинации кои се наоѓаат во близина на трите општини.

Овие проекти е планирано да се имплементираат во наредните 8 месеци.

Go to top