Одржани работилници за менаџирање на агробизнисот за 30-те грантисти од радовишко и струмичко

DSC 0055-minНа 4 и 5 мај 2017 година во Радовиш и Струмица во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица" се одржаа работилници од областа на менаџирањето на агробизнисот за 30-те грантисти, добитници на опрема во вредност од 300.000 денари.

 

Целта на овие работилници беше грантистите да стекнат знаења од областа на агробизнисот кои ќе им овозможат да прераснат во успешни менаџери и претприемачи, полесно да најдат купувачи и да ги пласираат произведените DSC 0024-minкултури.

Комуникацијата и продажните вештини беа дел од темите со цел на грантистите да им се даде до знаење дека начинот на комуницирање, следењето на говорот на телото, квалитетната услуга и прилагодување на желбите на купувачите се клучни фактори за успех во личната продажба.

DSC 0038-minНа крај беа претставени и предностите на формите на соработка и здружување на земјоделците преку задруги со цел да ги надминат проблемите со пласманот и да станат посилни на пазарот, да ја подобрат својата преговарачка моќ и да го стандардизираат квалитетот на производите.

Преку интерактивност, вежби, дискусија како и преку споделување на личните искуства на фармерите, овие работилници ќе придонесат кон унапредување на продажбата, поголема конкурентност на пазарот и профитабилност.

Go to top