Одржана XXVI Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

DSC 0401На 15.06.2017 година во општина Гевгелија се одржа XXVI Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

 

 

 

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе DSC 0399значајни одлуки и тоа: Одлука за преотстапување на реконструираниот објект „Дом на култура во с. Стојаково - општина Богданци, Предлог - Одлука за продолжување на мандатот на Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2015-2019 за 2016 година, Предлог – Одлука за усвојување на Годишните Завршни DSC 0396сметки на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2016 година.

Градоначалниците исто така на оваа Седница донесоа заклучок во врска со позачестените најави за одржување, како и во однос на веќе одржаните референдуми околу доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, односно отварањето на рудници во повеќе општини во Југоисточниот плански регион.

Go to top