Работилница за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи

DSC 0416-minНа 16.06.2017 година во Струмица се одржа работилница за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи во рамките на проектот "Управување со сливот на река Струмица".

 

 

 

Целта на оваа работилница беше подобрување на искуствата за пишување дозволи, работејќи на конкретни случаи иDSC 0425-min преку анализа на веќе издадени дозволи.

Учесници на оваа работилница беа лицата од одделенијата за животна средина задолжени за издавање на вакви дозволи и комуналните инспектори од сите шест општини на сливот на река Струмица.

Ваквите работилници се имплементираат веќе подолг временски период и имаат за цел поефикасна имплементација на ИСКЗ системот за сите општини од сливот на река Струмица заедно и да се подобри севкупниот квалитет на животната средина.

Go to top