Прскање против комарци

20384 939465632741420 1234168874966184085 nЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со девет општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 4741 ха.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 30.07.2017 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

 

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Go to top