Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Одржани работилници за менаџирање на агробизнисот за 30-те грантисти од вториот циклус

Во изминатиов период во Радовиш и Струмица во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, се одржаа работилници од областа на менаџирањето на агробизнисот за 30-те грантисти, добитници на опрема во вредност од 300.000 денари.

Целта на овие работилници беше грантистите да стекнат знаења од областа на агробизнисот кои ќе им овозможат да прераснат во успешни менаџери и претприемачи, полесно да најдат купувачи и да ги пласираат произведените култури.

Одржана V-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На 08.05.2018 година во општина Василево се одржа V-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе значајни одлуки и тоа: Одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км” – општина Василево, Одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1387 метри” – втора фаза, Одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, Одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“.  

Продолжен рокот за аплицирање на Конкурсот за двајца проектни асистенти

Рокот на конкурсот за ангажирање на двајца проектни асистенти за потребите на проектите „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја“ - COMBINE2PROTECT и „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош“ – HELP се продолжува до 27.04.2018 (петок).

 

Се информираат сите граѓани од Југоисточниот плански регион кои беа пријавени за добивање на компостери во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир", а не ги подигнаа за време на инфо деновите организирани со секоја од општините може да ги подигнат истите во просториите на Центарот за развој на ЈИПР најдоцна до вторник 17.10.2017 година.
Доколку компостерите не бидат подигнати заклучно со вторник, истите ќе бидат дадени на лицата од листата на чекање.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top