О Г Л А С за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица - Втор циклус

undp-rbec-strumica-logoПроектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

 

Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

За таа цел во рамките на проектот објавен е повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Можност да се јават на повикот имаат производителите на овошни култури (сливи, јаболка и круши) и градинарски култури (пиперки и домати) од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

За учество на обуките планирано е да се изберат 25 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 25 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.

Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 30 грантисти, 10 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 20 производители на градинарски култури (од сите 6 општини).

Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.

Обуките ќе се организираат во периодот ноември 2017 – февруари 2018 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец февруари 2018 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.
Крајниот рок за пријавување е 20 октомври 2017 година.

Целосниот текст на огласот во кој се наведени и критериумите за избор на кандидатите може да го симнете од следниов линк: ОГЛАС

Пријави:
1. Пријава за овоштари – за сите 6 општини
2. Пријава за градинари – за сите 6 општини

Go to top