Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Ден на Европска Соработка!

 

Земјина топка обвиткана во лентите на европското знаме, насмеани детски лица, уметнички дела создадени од најмалите креативни раце, реакција во акција, балони во боите на ЕУ, детски џагор со широки насмевки врамен во разнобојна рамка и детски креации со кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 05.10.2018 го обележа Денот на Европската соработка.

 

Одржана работилница по проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“

Во Струмица на 05 октомври, 2018 година се одржа последната работилница по проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во тесна соработка со засегнатите страни од уште 6 земји и тоа Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, а е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

Започна изградбата на Прифатилиште за бездомни животни во општина Струмица

На 03.10.2018 година, раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова, претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Градоначалникот на општина Струмица Г-н Коста Јаневски како и други засегнати страни присуствуваа на воведувањето во работа на фирмата изведувач “ДПТУГУ АТРИУМ ДОО”, Вевчани за изградба на Прифатилиште за бездомни животни во општина Струмица.

 

20384 939465632741420 1234168874966184085 n

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со девет општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 4741 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 22.08.2017 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

  Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 23.08.2017 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top