Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Одржана VII-тата Седница на Советот за развој на ЈИПР

На 15.08.2018 година во општина Дојран се одржа VII-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа и донесоа Одлуки во врска со Избор на приоритетни проекти за доставување на барање за користење на средства од мерка 321 и мерка 323 согласно Јавниот повик бр. 02/2018 по Програмата за финанасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година и дадоа Согласности за намената на инвестицијата од приоритетните проекти по мерките 321 и 323.

Вкупно 34.000 евра ќе бидат доделени од страна на УНДП за опремување на стационарите за бездомни животни

 

На ден 23.07.2018 година во општина Гевгелија се одржа VI редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која како главна точка на дневен ред беше усвојувањето на Предлог Одлуката за избор на приоритетен проект по Грантова шема од УНДП по проектот – „Подобрување на општинското владеење“.

 

Второ прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 29.07.2018 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

DSC 0446На 06.07.2017 и 07.07.2017 во Хотел Сириус, Струмица се одржа дводневна обука во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточен плански регион како лидер партнер и Асоцијација на Југозападни Општини од Р.Бугарија како проектен партнер. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

Обуката се состоеше од четири модула презентирани од експерти од Р. Македонија и Р. Бугарија.DSC 0456
Целта на оваа обука беше запознавање на учесниците со проектот, DSC 0502компостирањето, процесот на компостирање, видови на компостери, историјата и потеклото на истите како и придобивките од компостирањето.
Учесници на обуката беа претставници од општините од Југоисточен Регион на Р. Македонија како и претставници од Р. Бугарија.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top