Прва (конститутивна) седница на Советот за развој на ЈИПР

DSC 9195На ден 24.11.2017 година со почеток во 12.00 часот, во хотел Сириус, Струмица Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржa својата Прва (конститутивна) седница на која се утврди новиот состав, односно се верифицираа мандатите на членовите на Советот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот четиригодишен мандат.

На оваа Прва (конститутивна) седница, Советот за развој на Југоисточниот плански регион го избра Г-н Коста Јаневски, градоначалникот на општина Струмица за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион со DSC 9157мандат од 2 години.
Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Ѓуркова ги информираше градоначалниците за политиката за рамномерен регионален развој во Република Македонија и постапката за аплицирање за регионални проекти, како и за активностите на Советот и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период.
На конститутивната седница присуствуваше и Државниот Секретар во Министерството за локална самоуправа Г-н Кирил Парталов кој ги информира градоначалниците за активностите кои ги превзема Министерството за локална самоуправа во насока на зголемување на средствата за општините и регионот во следниот период преку проекти финансирани од Бирото за регионален развој, но и директно до општините преку зголемување на дотациите кои ги добиваат.

Go to top