Згрижување на бездомните животни главен приоритет на градоначалниците во Југоистокот

DSC 0245На 07.12.2017 година во општина Богданци, Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа Втората Седница на која беше утврдена Годишната листа на приоритетни предлог проекти за 2018 година со која Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за Регионален Развој за Програта за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Градоначалниците едногласно утврдија дека прв приоритет им е решавање на проблемот со кучињата скитници во DSC 0256, односно згрижување на бездомните животни преку изградба на две прифатилишта во општина Струмица и општина Гевгелија со кои ќе се реши овој проблем.
Во следната година приоритети на регионот се и подобрување на патната, водоводната и канализиационата инфраструктура, заштита на животната средина како и туристичко уредување на неколку локации во регионот.

Go to top