ОГЛАС за ангажирање на локален експерт

undp-rbec-strumica-logoЕПИ ЦЕНТАР Интернационал е консултантска компанија од Скопје која работи од 2005 година во Македонија и регионот. Нашата компанија се залага за одржлив економски развој и ги промовира човековите права во сите сегменти на општеството. Во моментов ЕПИ ЦЕНТАР во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион работи на Проектот за управување со сливот на реката Струмица како дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), преку финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

LogoПроектот за управување со сливот на река Струмица, има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошката состојба по течението на река Струмица.
За потребите на Проектот, потребен е ангажман на Локален експерт кој ќе биде контакт лице помеѓу кандидатите/демонстративните фармери, техничките консултанти кои се дел од проектот и ЕПИ ЦЕНТАР. Предност ќе имаат кандидатите со завршен факултет од областа на земјоделските науки.
Локалниот експерт би ги извршувал следниве обврски:
• Координација на кандидатите/демонстративните фармери помеѓу себе како и активностите предложени од ЕПИ ЦЕНТАР и техничките консултанти
• Учество во организација на теоретските и практичните (теренските) обуки со избраните кандидати/демонстративните фармери по договор со ЕПИ ЦЕНТАР и техничките консултанти
• Присуство на сите обуки кои ќе се одржуваат во Струмица и Радовиш по договор со ЕПИ ЦЕНТАР
• Обезбедување поддршка на техничките консултанти на терен
• Обезбедување на податоци од терен во координација со ЕПИ ЦЕНТАР
• Надзор на пополнувањето на евиденцијата која ја водат кандидатите/демонстративните фармери, на начин пропишан од страна на техничките консултанти
• Посетување на сите добитници на грантови најмалку еднаш во месецот, откако ќе се изврши нивниот избор, и поддршка на добитниците на грантови при следење на пропишаните агро еколошки мерки и инструкции од страна на техничките консултанти
• Подготовка на писмени извештаи за извршените активности

• Локалниот експерт ќе биде ангажиран во периодот од февруари до септември 2018 година. Ангажманот опфаќа повремени обврски од неколку денови во месецот зависно од потребите на проектот и планираните активности.
Ве молиме Вашата биографија испратете ја најдоцна до 16.01.2018 година на следнава е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Go to top