Финална Прес Конференција за проекот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир”

89e2ee822428be654f508c6f5d49da1c XLЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 11.01.2017 во Бизнис салата во Хотел "Сириус" во Струмица со почеток во 11:00 часот ја одржа Финалната прес конференција во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" финансиран од од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006.

Финалната прес конференција се одржа по повод запознавање на јавноста со реализираните проектни активности и изработената „Студија за анализа на потенцијалите за компостирање во домашни услови во Југоисточниот плански регион".
Проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" се имплементираше 15 месеци со основна цел преку подигање на јавната свест кај граѓаните за бенефитот од компостирање да се заштити DSC 0353животната средина.
Со имплементацијата на проектот, во Југоисточниот плански регион компостери добија 400 домаќинства, а граѓаните кои добија компостери беа запознаени со процесот на компостирање преку организираните Инфо денови во секоја општина, како и брошурите за компостирање кои им беа доделени. Беше креирано и емитувано видео за проектот и за компостирањето на регионалните телевизиски станици со цел подигнување на јавната свест и промовирање на придобивките кои луѓето и животната средина ќе ги добијат со компостирањето.
Во рамките на оваа прес конференција, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова, накратко ги презентираше постигнатите резултати од проектот, активностите кои беа спроведени и изработената „Студија за анализа на потенцијалите за компостирање во домашни услови во Југоисточниот плански регион".
Во продолжение на настанот следуваа прашања и дискусија со присутните за споделените информации за проектот.

Go to top