Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Одржана VII-тата Седница на Советот за развој на ЈИПР

На 15.08.2018 година во општина Дојран се одржа VII-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа и донесоа Одлуки во врска со Избор на приоритетни проекти за доставување на барање за користење на средства од мерка 321 и мерка 323 согласно Јавниот повик бр. 02/2018 по Програмата за финанасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година и дадоа Согласности за намената на инвестицијата од приоритетните проекти по мерките 321 и 323.

Вкупно 34.000 евра ќе бидат доделени од страна на УНДП за опремување на стационарите за бездомни животни

 

На ден 23.07.2018 година во општина Гевгелија се одржа VI редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која како главна точка на дневен ред беше усвојувањето на Предлог Одлуката за избор на приоритетен проект по Грантова шема од УНДП по проектот – „Подобрување на општинското владеење“.

 

Второ прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 29.07.2018 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

18985281 1478013972220965 1794220647 nНа 06.06.2017 во просториите на Асоцијација на Југозападни општини во Р. Бугарија, Благоевград се одржа вториот работен состанок за проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" ко-финансиран од Европска Унија преку Интерег ИПА програма за прекугранична соработка Македонија – Бугарија 2014-2020 со број на договор CB006.1.11.013.

19022108 1478014138887615 1369363424 nНа состанокот, присутни беа претставници од Центар за развој на Југоисточен регион Македонија, како лидер партнер на проектот и претставници од Асоцијација на Југозападни општини Р.Бугарија како проектен партнер.
Се дискутираа активностите на проектот, тие кои се завршени како и тие кои допрва треба да се имплементираат, за навремено извршување на истите, со цел да се запази временската рамка зададена од проектот. Споменати беа датумите на активностите кои следуваат, како што се: промотивни видеа, работилница, набавка на компостери и јавен повик за истите.
Тимот исто така го коментираше развитокот на проектот и досегашните достигнувања, но и препреките и проблемите се' со цел да бидат навремено спречени.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top