Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Одржана X-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На 14.03.2019 година во Струмица се одржа X-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Присутни на оваа Седница беа Градоначалниците од општините од регионот, претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и други засегнати страни кои беа заинтересирани да дискутираат за актуелни проблеми кои се случуваат во регионот.

 

Три најприоритетни проектни коцепти се натпреваруваат за грант од Швајцарската агенција за развој и соработка

На 01.03.2019 година во хотел „Сириус“ во Струмица беше одржана Третата регионална форумска сесија за идентификација на проектни идеи за отворената Грантова шема во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

За време на Третата регионална форумска сесија, заедницата од регионот презентираше вкупно 5 проектни концепти кои беа развиени за време на Втората форумска сесија како и на состаноците помеѓу сесиите согласно сугестиите дадени од страна на проектната единица.

Инфо сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во просториите на Дом на АРМ во Струмица на ден 19.02.2019 година се одржа инфо сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој е наменет за сите основни и средни училишта.

Деталите за повикот беа презентирани пред претставници на дел од училиштата од Југоисточниот регион. Освен тоа, се направи и краток осврт на проектите кои беа избрани за финансирање од страна на Фондот во рамките на првиот повик од 2018 година.

Центарот за равој на Југоисточниот плански регион ја објавува тендеска процедура за Набавка на Компостери, во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија со референтен број CB006.1.11.013-04.

Тендерското досие е достапно на увид во Центарот за развој на Југоисточен плански регион, Струмица, ул. Боро Џони бр.10, 2400 Струмица и е објавен на следните веб страници:
http://www.ipa-cbc-007.eu
www.rdc.mk/southeastregion
Крајниот рок за пријавување за тендерот е 09.06.2017 во 16:00 часот (локално време)
Дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на следните веб страници:
http://www.ipa-cbc-007.eu
www.rdc.mk/southeastregion
Тендерското досие е достапно ОВДЕ

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

promotivno video

Biro za regionalen razvoj

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top