RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Е-пошта Печати PDF

Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Претседателот на советот за развој на планскиот регион се избира од редот на членовите на советот, со мандат од две години со право на повторен избор.

Во работата на советот за развој на планскиот регион можат да учествуваат стручни лица од областа на регионален развој, претставници од стопанските комори, синдикатите, здруженијата на граѓани и други релевантни партнери од приватниот и граѓанскиот сектор.

Советот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:

• ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој,
•  донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој,
• донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион,
• утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на планскиот регион,
• доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамките на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон,
• обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој,
• иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,
• ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси и
• врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон.

Членовите на советот на Југоисточниот плански регион се 10-те градоначалници од регионот и тоа:

alt

 

Г-дин Ристо Ичков - Градоначалник на општина Богданци

 

alt

 

Г-дин Љупчо Колев - Градоначалник на општина Босилово

 

alt

 

Г-дин Николче Чурлиновски -Градоначалник на општина Валандово

 

alt

 

Г-дин Ванчо Стојанов - Градоначалник на општина Василево

 

alt

 

Г-дин Иван Франгов - Градоначалник на општина Гевгелија

 

alt

 

Г-дин Глигор Чабулев - Градоначалник на општина Дојран

 

alt

 

Г-дин Стојан Лазаров - Градоначалник на општина Конче

 

alt

 

Г-дин Петар Спасов - Градоначалник на општина Ново Село

  

alt

 

Г-дин Роберт Велков - Градоначалник на општина Радовиш

 

alt

 

Г-дин Зоран Заев - Градоначалник на општина Струмица

 

 
You are here: Дома Советот на планскиот регион