ВЕНЧАВАЊЕТО - како круна на потврдување на заеднички живот и единствена можност за изливање на Божјата благодат врз сопружниците како дар -за сила да се надминат сите предизвици во животот, -за создавање благопријатни услови за заеднички живот , - за да се даруваат чеда според божјата волја и истите да се воспитуваат во благочестие,
Традиционално во подножјето на планината Беласица, под Колешинскиот Водопад ќе се одржи групна венчавка на која може да присуствуваат сите верници кои веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале в црква. Настанот ќе се одржи на 29.08.2010 година, во организација на општина Ново Село.







Минати проекти