RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Втората работна средба за воспоставување на Мрежата од општински експерти

Е-пошта Печати PDF

altНа 18 ноември во Струмица се одржa втората работна средба за воспоставување на Мрежата од општински експерти за проекти и програми од 26 општини од прекуграничниот регион помеѓу Република Бугарија и Република Македонија во рамките на проектот „Создавање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион - ПМ-НЕТ“.

Овој проект е финансиран од Првиот повик на IPA Cross-Border Programme (CCI Number: 2007CB16IPO007). Партнери во проектот се Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Македонија и Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград, Република Бугарија.
На оваа средба општинсaltките експерти разменија искуства во однос на аплицирање и имплементација на меѓународни проекти се разговара за правилата на мрежата ПМ-НЕТ. Колегите од општините имаа altможност да ги дадат своите забелешки во однос на правилата и на крај истите беа едногласно усвоени со забелешка дека се динамични и можат да претрпат измени во текот на работењето на мрежата.
Следната средба ке се одржи во текот на месец декември при што ќе се одржи првата обука на експертите за користење на софтверот за Проектен менаџмент.
 

 
You are here: Дома Стандарди Втората работна средба за воспоставување на Мрежата од општински експерти