На 27.01.2012 година во општина Гевгелија се одржа XIII (тринаесетата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На оваа Седница се донесoa: Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2011 година, Одлука за усвојување на Извештајот од пописот за 2011 година на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, се донесе Финансискиот план на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2012 година, Одлука за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Советот за развој на Југоисточен плански регион и Waterboard Aa en Maas и Brabant Water NV од Холандија, како и Одлука за Приоритетна листа за регионални проекти кои ќе се аплицираат до Бирото за регионален развој за 2012 година. За приоритетен проект беше избран проектот Изградба на локален пат од с.Банско до с.Моноспитово. Овој локален патен правец регионално ќе поврзува населени места од општините Босилово и Струмица и ќе овозможи предуслови за развој и реализација на стратегијата за еко – рурален туризам во регионот затоа што непосредно патот поминува покрај локалитетот Моноспитовско Блато.





