На 18 декември 2009 година беше потпишан договор меѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион застапуван од раководителот Жулиета Ѓуркова и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој застапуван од директорот Џемаил Ељмази за реализација на проекти во Југоисточниот плански регион.
Предмет на овој договор е рализација на четири проекти во Југоисточниот плански регион и тоа:
1. Ревизија на главен проект за изградба на брана Конско;
2. Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојрански Езеро-Стар Дојран;
3. Изработка на идеен проект за зафаќање на дел од водите на река Смилјанска за дотур на вода во акумулацијата на брана Мантово;
4. Интегриран пристап во развој на туризмот;
Доделени се вкупно 15.776.004 денари. Носител на реализација на проектите е Центарот за развој на ЈИ плански регион.





